Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Црна Гора во земјава, Зоран Миљаниќ.
Во фокусот на разговорите беа реформската агенда, размената на искуства и интензивирањето на соработката во рамките на евроинтегративните процеси.
Двете страни ја потврдија заедничката определба за зајакнување на владеењето на правото , унапредување на правосудниот систем и споделување на најдобрите практики на патот кон полноправно членство во Европската Унија.
Соработката со Црна Гора претставува значаен чекор во исполнувањето на реформските приоритети и остварувањето на стратешката цел – целосна интеграција во Европската Унија