Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш М. Бримора, на која беа разменети мислења за актуелните состојби и приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.
Во фокусот на средбата беа законите од Реформската агенда, со посебен акцент на унапредувањето на владеењето на правото, зајакнувањето на независноста и ефикасноста на правосудството, како и унапредувањето на институционалните механизми за спречување и борба против корупцијата.
Министерот Шасивари го информираше амбасадорот за тековните активности на Министерството за правда во насока на реализација на реформските приоритети, вклучително и подготовката и унапредувањето на законските решенија кои се од значење за исполнувањето на обврските во процесот на европска интеграција.
Партнерството со земјите членки на Европската Унија🇪🇺 претставува значаен придонес при спроведувањето на реформите и европските стандарди, со крајна цел изградба на современ и ефикасен правосуден систем во интерес на граѓаните.