Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шасивари: Јавните политики мора да се темелат на знаење и факти

Шасивари: Јавните политики мора да се темелат на знаење и факти

Министерот за правда  Јетон Шасивари денеска учествуваше на тркалезната маса „Унапредување на истражувачко-аналитичката функција во политичките партии – правни и компаративни искуства“.

Шасивари истакна дека партиските истражувачко-аналитички центри (ПИАЦ) имаат важна улога во унапредувањето на квалитетот на политиките, јавната дебата и демократските процеси.

„ПИАЦ треба да бидат места каде што политиката се соочува со фактите, а податоците и анализите се користат за одлуките да бидат подобри“, порача Шасивари.

Тој нагласи дека со користењето јавни средства за финансирање на ПИАЦ доаѓа и јавна одговорност, особено во однос на квалитетот на истражувањата, анализите и препораките што произлегуваат од нив.

,,Јавните средства мора да произведуваат јавна вредност.Тие средства се наменети за истражување, анализа, развој на политики и градење стручни капацитети.Затоа е потребно да имаме не само правила за тоа како се трошат средствата, туку и култура на одговорност за тоа што произведуваат тие средства. Кои истражувања се направени? Кои анализи се подготвени? Кои политики се евалуирани? Кои препораки произлегле од нив? Како се користеле податоците?  Каков придонес имале овие центри во развојот на политиките? Тоа се прашањата кои треба да ги поставуваме.Не за да ја ограничиме политичката работа, туку за да ја направиме посериозна, поквалитетна и поодговорна,”нагласи Шасивари.

Министерот ја истакна и важноста на меѓупартиската соработка во областа на истражувањето и знаењето.

„Можеме да не се согласуваме околу решенијата, но можеме да се согласиме дека решенијата треба да се темелат на точни податоци и сериозна анализа“, истакна Шасивари.

Како Министерство за правда, наша одговорност е да обезбедиме јасна и функционална правна рамка.

Мени за пристапност