Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ШАСИВАРИ: КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА СО ИЗВЕСТУВАЧИТЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА-КОН ОДРЖЛИВО ПРАВНО РЕШЕНИЕ И ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРД

ШАСИВАРИ: КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА СО ИЗВЕСТУВАЧИТЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА-КОН ОДРЖЛИВО ПРАВНО РЕШЕНИЕ И ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРД

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска одржа работна средба со известителите на Венецијанската комисија, во рамките на постапката за добивање мислење во врска со предложениот модел за организирање и полагање на правосудниот испит.

На средбата присуствуваа претседателот и членовите на Комисијата за полагање на правосудниот испит, кои го презентираа и практично го демонстрираа начинот на организација и спроведување на испитот. Со тоа, претставниците на Венецијанската комисија имаа можност непосредно да се запознаат со предвидените постапки и практичната примена на предложениот модел.

Во текот на средбата, министерот ја образложи уставната и законската основа на иницијативата, правната аргументација за предложениот модел, како и спроведениот консултативен процес со претставници на правните факултети, деканите и студентските организации.

Министерот Шасивари  истакна дека основната цел на предложеното решение е обезбедување еднаков пристап до правосудниот испит за сите кандидати, без притоа да се доведат во прашање професионалните критериуми, квалитетот и интегритетот на испитот.

Министерот за правда , Јетон Шасивари потенцира дека барањето за мислење од Венецијанската комисија претставува иницијатива за добивање независна, објективна и стручна правна оценка, со цел да се обезбеди решение кое ќе биде уставно, правно одржливо и усогласено со европските стандарди.

Министерството ја цени експертизата на Венецијанската комисија и останува отворено за нејзините препораки и предлози, уверено дека институционалниот дијалог и стручната правна анализа се најдобриот пат кон изнаоѓање одржливо решение.

За нас, ова прашање не е прашање на политичко натпревар, туку прашање на еднаквост пред законот, еднакви можности и доследно почитување на професионалните стандарди.

Нашата определба останува јасна: правата да не останат само запишани принципи, туку да се преточат во конкретни, применливи и правно одржливи решенија.

Мени за пристапност