Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шасивари - Малеска Сачмароска: Дијалог за унапредување на законските решенија

Шасивари - Малеска Сачмароска: Дијалог за унапредување на законските решенија

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), Неда Малеска Сачмароска.
Центарот работи во областа на реформата на јавната администрација, доброто управување, транспарентноста и јакнењето на институционалните капацитети и активно придонесува во процесите за подобрување на функционирањето на институциите.
На средбата се разговараше и за измените на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник“, кој беше објавен на ЕНЕР за консултации и доставување мислења и предлози.
Состанокот помина во конструктивна атмосфера, со подготвеност за продолжување на дијалогот и соработката за прашања од заеднички интерес.

Мени за пристапност