Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шасивари - Махмузиќ: Размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка во правосудството

Шасивари - Махмузиќ: Размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка во правосудството
На маргините на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со заменик-министерот за правда на Босна и Херцеговина, Елвир Махмузиќ.
 
На средбата се разговараше за реформските процеси во правосудството, заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка.
 
Соговорниците ја истакнаа важноста на меѓусебното учење и размената на искуства како значаен придонес кон зајакнувањето на институционалните капацитети и усогласувањето со европските стандарди во областа на правдата.

Мени за пристапност