Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шасивари: Охридскиот договор не е само документ од нашата историја. Тој е институционална одговорност и стандард што треба да продолжиме да го градиме секој ден

Шасивари: Охридскиот договор не е само документ од нашата историја. Тој е институционална одговорност и стандард што треба да продолжиме да го градиме секој ден

Денес, на свечената седница на Владата, ја одбележавме 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Ова е историски момент што ѝ даде на нашата земја нов пат кон мирот, стабилноста и соживотот.

Како министер за правда, на оваа годишнина гледам не само како на можност да се потсетиме на минатото, туку пред сè како на одговорност за иднината.

Охридскиот договор не е само документ од нашата историја. Тој е институционална одговорност и стандард што треба да продолжиме да го градиме секој ден.

За мене, правдата не може да биде селективна. Еднаквоста не смее да остане само принцип на хартија. Тие мора да бидат дел од секојдневното функционирање на државата и од довербата на секој граѓанин во институциите.

Мојата порака 25 години подоцна е јасна:

Иднината на земјата се гради врз почитувањето, еднаквоста, владеењето на правото и достоинството на секој граѓанин.

На оваа годишнина, го одбележуваме патот што го изодевме, ги вреднуваме постигнувањата и одговорно гледаме кон предизвиците на иднината. Како институции, наша обврска е да не го третираме овој Договор како завршено поглавје. Тој е дел од континуираниот процес на градење демократска, праведна и еднаква држава за сите.

25 години мир.

25 години одговорност.

Една заедничка задача: да изградиме поправедна иднина за сите!

 

Јетон Шасивари

Министер за правда

Мени за пристапност