Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шасивари - Прескер: Продлабочување на соработката за правосудните реформи

Шасивари - Прескер: Продлабочување на соработката за правосудните реформи

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Грегор Прескер, на која се разговараше за актуелните реформски процеси во правосудството, законските измени и можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на правдата.
Министерот Шасивари го информираше амбасадорот Прескер за подготовките за претстојните јавни расправи за новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка. Притоа, беше нагласена важноста на транспарентен и инклузивен процес, со активно учество на стручната јавност, правосудните институции, академската заедница и граѓанскиот сектор.
На средбата се разговараше и за спроведувањето на Реформската агенда, со посебен осврт на активностите за зајакнување на институционалните капацитети, зголемување на ефикасноста и независноста на правосудството и унапредување на владеењето на правото.
Соговорниците ја истакнаа важноста на размената на искуства и добри практики, особено во контекст на користењето на искуството на Словенија како земја членка на Европската Унија во процесот на усогласување со европските стандарди.

Мени за пристапност