Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шасивари во Берлин: Продлабочување на соработката со ИРЗ за поддршка на правосудните реформи

Шасивари во Берлин: Продлабочување на соработката со ИРЗ за поддршка на правосудните реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, во рамки на работната посета на Берлин, оствари средба со Кристијан Џонсон, раководител на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), организација со долгогодишно искуство во поддршката на правосудните реформи и зајакнувањето на владеењето на правото.
На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката, размена на експертски искуства и обезбедување стручна поддршка во спроведувањето на реформите во правосудството.

ИРЗ претставува значаен партнер во процесите на модернизација на правните системи и нивното усогласување со европските стандарди. Во таа насока, беше истакната важноста на користењето на германското искуство и експертиза за унапредување на ефикасноста, независноста и функционалноста на правосудните институции.

Во рамки на посетата на Берлин, министерот Шасивари оствари и средби со претставници на германскиот Бундестаг, меѓу кои и пратеникот Милер, на кои беа разменети мислења за реформските приоритети и можностите за натамошно зајакнување на билатералната соработка.

Работната посета е дел од заложбите на Министерството за правда за проширување на меѓународната соработка и обезбедување експертска поддршка за реформските процеси.

Мени за пристапност