Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шасивари во пресрет на Илинден: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!

Шасивари во пресрет на Илинден: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!

Почитувани,

Ви ја пренесуваме честитката на министерот за правда Јетон Шасивари по повод големиот државен празник- Илинден.

Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!

На Мечкин Камен, на местото каде што се испишани најзначајните страници од нашата историја, утре како дел од државната делегација предводена од заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за здравство Сашо Клековски, ќе го одбележиме 2 Август – Денот на Републиката.
Илинден не е само симбол на борбата за слобода, туку и трајна порака дека државата се гради врз идеалите на еднаквост, правда и заедничка иднина. Овие вредности и денес се темелот на нашата Република и на нашата обврска да градиме општество во кое секој граѓанин се чувствува рамноправен и почитуван.
Нашата сила отсекогаш била во различностите. Република Македонија е заеднички дом на сите нејзини граѓани, а нејзиниот развој е резултат на придонесот на сите заедници.
Нека зборовите од Крушевскиот манифест нѐ потсетат на една вредност што никогаш не старее, а тоа е заедништвото.
„Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници... без разлика на вера, народност, пол и убедувања...“.
Оваа порака и денес зборува за Македонија како заеднички дом на сите нејзини граѓани.
Да ја чуваме таа идеја и денес – со взаемна почит, разбирање и солидарност, затоа што различностите не нѐ разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка иднина.
Нека духот на Крушевскиот манифест биде потсетник дека слободата, правдата и соживотот се вредности што се градат заедно.
Како министер за правда, верувам дека вистинскиот патриотизам се покажува преку почитување на владеењето на правото, заштитата на човековите права и јакнењето на довербата меѓу сите заедници. Само преку меѓусебна почит, дијалог и еднакви можности можеме да изградиме држава која ќе биде силна, стабилна и успешна за сегашните и идните генерации.
Нека ни е честит 2 Август – Денот на Републиката.
Нека живее единството, правдата и заедничката иднина на сите граѓани на Република Македонија!

Јетон Шасивари
Министер за правда

Мени за пристапност