Министерот за правда, Игор Филков, оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова.
На средбата се разговараше за унапредување и продлабочување на соработката, размена на искуства и знаења, како и за улогата на Националната конвенција за ЕУ како форум за отворен и транспарентен дијалог за пристапните преговори, поддржан од Словачката асоцијација за надворешна политика.
Амбасадорката Хрицова беше запознаена и со активностите на Министерството за правда поврзани со Реформската агенда и подготвените законски решенија во изминатиот период.
Соработката меѓу двете министерства ќе продолжи и во наредниот период, во насока на зајакнување на евроинтегративниот процес и европската перспектива на државата.