Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соработка за посилно правосудство и европска интеграција: Средба на министерот Филков со Амбасадорот на Шпанија, Н.Е Рафаел Соријано Ортиз

Соработка за посилно правосудство и европска интеграција: Средба на министерот Филков со Амбасадорот на Шпанија, Н.Е Рафаел Соријано Ортиз

Поддршката од меѓународните партнери како што е Шпанија, има клучна улога во зајакнувањето на правосудниот систем и во процесите на реформи. На средбата беа разгледани можностите за соработка и размена на искуства во правниот сектор, што е важен чекор во интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

 

Договорено е во наредниот период да се оствари билатерална средба на која тимови од двете држави ќе разговараат за неколку клучни теми, како што се дигитализацијата во судството и Јавното обвинителство, меѓународна правна помош, затворскиот систем.

 

Шпанија како долгогодишен партнер и поддржувач на нашата евроатлантска интеграција, останува да биде  посветена на процесот на демократизација, стабилност и развој на правосудството во земјата.

Мени за пристапност