На 27 август 2026 година, беше одржан работен состанок меѓу Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали и министерот за правда Јетон Шасивари, на кој беа разгледани клучните активности и обврски на Министерството за правда поврзани со исполнувањето на европската агенда и реформскиот процес.
На состанокот беше истакнато дека Министерството за правда останува силно фокусирано на навремено и квалитетно исполнување на обврските од процесот на пристапување кон Европската Унија, со посебен акцент на реформите во областа на владеењето на правото и Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права.
Во таа насока, една од приоритетните активности е имплементацијата на чекорите од Реформската агенда 2024–2027, како и нивно ревидирање.
Министерството за правда продолжува со активна координација со институциите вклучени во европскиот процес, со цел обврските да се реализираат навремено, координирано и со јасно утврдени одговорности, во насока на забрзување на реформите и исполнување на стандардите на Европската Унија.
........