Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работен состанок со Влатко Петревски, директор на КИНГ ИЦТ Македонија (ДСП), Маја Лазарова, проектна менаџерка, и Марија Јоргаќиевски, проектна асистентка.
На состанокот беа разгледани активностите во рамки на ИПА III компонентата „Подобрена дигитализација на државните институции во областа на судството и борбата против корупцијата“.
Се дискутираше за унапредување на ИТ управувањето , исполнување на поставените услови и резултати, како и на имплементација на безбедносни мерки засновани на меѓународно признати стандарди.
Соработката има за цел да придонесе кон модернизација, поголема безбедност и ефикасност на дигиталните процеси во правосудниот систем.