Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во Министерството за правда се одржа состанок посветен на е-платформата за трак-рекорд за корупција и организиран криминал, како дел од исполнувањето на обврските од Реформската агенда во областа „Владеење на правото“.

Во Министерството за правда се одржа состанок посветен на е-платформата за трак-рекорд за корупција и организиран криминал, како дел од исполнувањето на обврските од Реформската агенда во областа „Владеење на правото“.

На состанокот се дискутираше за навременото и точно внесување податоци во е-платформата, која претставува клучна алатка за следење на резултатите во борбата против корупцијата, организираниот криминал и перењето пари.
Трите реформски чекори се однесуваат на:
- зголемување на бројот на истраги, обвиненија и пресуди за корупција;
- зголемување на резултатите во борбата против организираниот криминал;
- унапредување на финансиските истраги, заплените и конфискацијата на незаконски стекнат имот.
Министерството за правда, како координатор на областа „Владеење на правото“, континуирано ја информира Европската комисија за спроведувањето на реформските активности. На последниот мониторинг-состанок со Европската комисија беше констатиран позитивен напредок во исполнувањето на обврските. 🇪🇺
Остануваме посветени на јакнење на институционалната координација, транспарентноста и ефикасноста во борбата против корупцијата и организираниот криминал, во согласност со европските стандарди и реформските приоритети на државата

Мени за пристапност