Клучни измени:
1. Оценување на јавните обвинители
• Наместо на секои 4 години, работата на јавните обвинители ќе се оценува на секои 3 години, со цел поконтинуирана и систематска проверка на нивната работа.
• Се воведува и вонредно оценување: по негативна оцена, обвинителот повторно ќе биде оценет, како механизам за следење и корекција на утврдени слабости.
2. Избор на Јавен обвинител на Република Северна Македонија
Со цел поголема транспарентност и професионалност во изборниот процес:
• Кандидатите ќе поднесуваат Програма за работа и биографија.
• Советот на јавните обвинители ќе организира јавна седница на која кандидатите ќе ја презентираат својата програма.
• Програмите и биографиите ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на Советот.
3. Дисциплинска постапка за јавни обвинители
Се воспоставува појасна дисциплинска рамка:
• Повредите се категоризираат како лесни, потешки и најтешки дисциплински повреди.
• Советот одлучува по жалба во рок од 30 дена.
• Дисциплинската комисија ја завршува постапката во рок од 6 месеци, односно до 9 месеци во посложени случаи.
• На расправите присуствува и претставник од Здружението на јавни обвинители, со цел професионална застапеност.
• Ако обвинител побара разрешување додека трае дисциплинската постапка, постапката продолжува до конечна одлука, со што се спречуваат злоупотреби.
• Се воведува евиденција за изречените дисциплински мерки.
4. Финансиска независност –
Во законот се вградува гаранција за финансиска автономија, преку утврдување на минимално законски загарантирано ниво на финансирање.
За законот е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија.
Во вторник, законот ќе се најде на дневен ред пред пратениците во Собранието.