Се известуваат кандидатите кои се пријавиле за полагање на нотарски испит во априлска испитна сесија, дека писмениот дел од испитот ќе се одржи на 02.06.2026 година со почеток во 9.00 часот во Министерство за правда (Конференциска сала - приземје).
Сите кандидати кои ќе дојдат да го полагаат писмениот дел од испитот треба да носат документ за идентификација (важечка лична карта или пасош).
На писмениот дел од испитот кандидатите можат да користат закони без коментари.
Резултатите од писмениот дел од нотарскиот испит ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за правда.
Воедно ве известуваме, дека устниот дел од испитот ќе се одржи на 08.06.2026 година со почеток во 9.00 часот во Министерство за правда (Сала за состаноци 5 кат).