Министерството за правда ги објави Записниците од Комисијата за надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник и надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за управување со движење на предметите во судовите за 2025 година.
Надзорот е извршен во 15 судови во текот на 2025 година, при што за секој суд се дадени општи и посебни препораки во однос на состојбата, функционирањето и тековните предизвици со кои се соочуваат судовите.
Клучни наоди во однос на функционирањето на АКМИС:
- Сите предмети се распределуваат исклучиво преку АКМИС
- Не се утврдени случаи на рачна распределба
- Исклучувањата на судии се вршат согласно закон
Надзорот укажа и на сериозни системски предизвици:
- Недостиг на судии и судски службеници
- Технолошка застареност на АКМИС
- Делегирањето судии не е одржливо решение
Министерството за правда ќе продолжи со транспарентен надзор и ќе работи на системски решенија за унапредување на ефикасноста, функционалноста и довербата во судскиот систем.
Записниците се достапни на: https://www.pravda.gov.mk/mk-MK/regulativa/zapisnici