Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Предлог-измените на Законот за извршување се објавени на ЕНЕР

Со предложените измени се прецизираат постојните одредби и се унапредува ефикасноста на извршната постапка. Клучните новини вклучуваат:

-можност за соработка и здружување на извршителите со цел намалување на трошоците
- појасно уредени правила за отсуство, замена и престанок на должноста на извршителот
- утврдување на рокови за постапување на Управниот и Вишиот управен суд
- воведување унифициран и централизран софтвер, како и централна електронска архива
- електронско јавно наддавање за продажба на недвижен имот
- доуредување на постапките за непродаден недвижен имот и идна градба
- попрецизни дисциплински одредби и усогласена примена на законот

Дополнително, се прецизираат одредбите за преземање извршни дејствија врз објекти и делови од објекти кои не ги исполнуваат условите за запишување на правото на сопственост во Катастарот на недвижности.

Предлог Законот беше подготвен од мултисекторска работна група.

Мислењата и коментарите може да се достават преку ЕНЕР.             

 https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=102439

Мени за пристапност