Ова претставува значаен чекор кон унапредување на правосудниот систем.
Во законското решение се вградуваат препораките од Оценската мисија, како и експертските насоки од работилницата за Поглавје 23, организирана со УНОПС.
Клучни измени:
• Појасно утврдување на потребниот број на судии и јавни обвинители, со попрецизни правила за објавување огласи
• Поедноставена и потранспарентна постапка за прием на кандидати за почетна обука, со јасно дефинирани рокови
• Унапредување на методологијата на обуката и поефикасно функционирање на органите на Академијата
• Попрецизно уредување на бодирањето на практичниот дел од приемниот испит
• Усогласување со одлуките на Уставниот суд и надминување на слабостите во постојното законско решение
Целта е создавање квалитетен и транспарентен систем на обука, поголема правна сигурност и подготовка на стручни, етични и професионални кадри за правосудниот систем