Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Предлог-Законот за помилување е подготвен и објавен на ЕНЕР

Целта на новиот Закон за помилување е надминување на слабостите во примената на постојниот закон и воспоставување јасна, прецизна и транспарентна постапка. Со законот се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени да поднесат молба, како и постапката и надлежностите на институциите.

Клучни новини: 

По широка стручна дискусија, Работната група зазеде став дека Претседателот може да помилува исклучиво од изречена казна, а не и од кривично гонење (аболиција).

Законот предвидува кратки и јасни рокови за постапување на сите институции вклучени во процесот.

Министерството за правда доставува извештај до Претседателот без да дава конкретен предлог за помилување.

За Предлог-законот беа одржани повеќе јавни расправи, а значителен дел од добиените сугестии се вградени во финалниот текст. Сите заинтересирани ќе можат да го разгледаат Предлог-законот, да достават коментари и сугестии и активно да дадат свој придонес.

Линк со повеќе информации:

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=73885

Мени за пристапност