Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Собранието го донесе Предлог Законот за Судски совет со 73 гласови ,,за” и 1 ,,воздржан“

Овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството.

Клучни новини:

  • Јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот.
  • Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
  • Јавна расправа при избор на кандидати за не-судски членови за поголема транспарентност.
  • Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови од редот на судиите.
  • Јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот.
  • Обврска за образложени одлуки при избор и утврдување одговорност на судиите.
  • Рокови за преземање дејствија и прецизирање на постапката за жалба против одлуки на Советот.
  • Бројни други решенија во согласност со препораките на ЕУ.     

Со реформите што ги преземаме, Судскиот совет ќе биде силен гарант за владеење на правото и доверба во судството.

Мени за пристапност