Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Владата го утврди Предлог-законот за парничната постапка, со кој се намалуваат паричните казни за учесниците во постапката

Ова системско и реформско решение е од исклучително значење за правосудниот систем.
Клучни новини:
 • Се воведува задолжително застапување од адвокат
 • Се уредуваат клучни прашања како вештачење, достава и спорови од мала вредност
 • Се намалуваат паричните казни за учесниците во постапката
 • Се унапредува електронското работење и доставата
 • За првпат се воведуваат претставнички тужби за заштита на колективните интереси на потрошувачите
 • Се овозможува одржување на рочишта по електронски пат
Законот е резултат на двегодишна работа на експертска група, со вклученост на судството, академската заедница, стопанството и граѓанскиот сектор, како и широка јавна дебата со стотици коментари и предлози.
Со неговото донесување се очекува подобрување на ефикасноста, транспарентноста и функционалноста на парничната постапка, во согласност со современите стандарди и реформската агенда на државата.
Овој закон претставува значаен чекор кон посилен и поефикасен правосуден систем

Мени за пристапност