Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители e објавен на ЕНЕР

Со овој Предлог-закон, изготвен од Работната група при Министерството за правда, се адресираат препораките од Оценската мисија, анализата на EU Support for Rule of Law и експертските насоки од работилницата за Поглавје 23 со УНОПС.

 

Клучни новини и подобрувања:

• Прецизно утврдување на бројот на потребни судии и јавни обвинители и појасни правила за објавување на огласите

• Поедноставена и временски јасно дефинирана приемна постапка за почетна обука

• Подобрена методологија на почетната обука и поефикасна работа на телата на Академијата

• Номотехнички корекции и прецизирање на бодирањето на практичниот дел од приемниот испит

• Усогласување со одлуките на Уставниот суд и отстранување на воочените слабости во постојниот закон

 

Целта е јасна: поквалитетна обука, поголема правна сигурност и систем што создава силни и професионални кадри за правосудството 

 

Линк со повеќе информации:

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=114839

Мени за пристапност