Закон за изменување и дополнување на Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“ е објавен на ЕНЕР „Службен весник на Република Северна Македонија“ во печатена форма. Печатеното издание ќе се обезбедува само како задолжителен примерок согласно со Законот за издавачка дејност, како и по исклучок, во случаи кога ќе се утврди потребата од негово издавање од страна на Управниот одбор на претпријатието.
Потребата од донесувањето на Предлог законот произлегува од значителното и континуирано намалување на бројот на претплатници на печатеното издание во изминатите години, што доведе до намалување на економската оправданост за негово масовно печатење. Истовремено, трошоците за печатење и дистрибуција бележат нагорен тренд, при што цената на печатарските услуги и поштенските трошоци е зголемена за повеќе од 300 % во последните три години.
Линк со повеќе информации:
https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=114788