Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Законот за заштита на личните податоци влегува во владина процедура

Министерство за правда Министерство за правда

Предложените измени имаат за цел унапредување на системот за заштита на личните податоци и негово понатамошно усогласување со европските стандарди. Клучните новини вклучуваат:
* Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за заштита на личните податоци, преку обезбедување на сите неопходни ресурси за ефикасно и независно функционирање, во согласност со европската регулатива.
* Усогласување со препораките од Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2025 година.
* Воведување новини во однос на преносот на лични податоци, согласно европските практики, со олеснувачки мерки за контролорите и обработувачите при пренос во трети земји и меѓународни организации.
Овие измени претставуваат важен чекор кон зајакната заштита на приватноста и поголема правна сигурност за граѓаните и институциите

Мени за пристапност