Медијацијата не е само постапка – таа е филозофија. Процес што го поставува човекот во центарот, го заменува конфликтот со дијалог, а недовербата со разбирање.
На денешниот настан ,,Иднината на медијацијата во Македонија: трендови и предизвици“, заменик на министерот за правда, Ален Деребан, истакна дека имплементацијата на актуелниот Закон за медијација покажа слабости кои мора да ги надминеме.
Комората на медијатори мора итно да се рестартира. Потребни ни се силни институции, а не формални тела без капацитет.
Успешната медијација не зависи од еден закон или една институција – туку од заедничка волја.
Министерството за правда, Владата и сите институции на системот се цврст партнер во овој процес. Да ги охрабриме граѓаните, да изберат мир наместо спор, дијалог наместо конфронтација, решение наместо битка!