Во рамки на дискусијата „Реформска агенда и Берлинскиот процес низ призмата на европската интеграција“, со фокус на улогата на Парламентот и степенот на имплементација на реформите од Планот за раст, Министерството за правда информираше за активностите кои беа преземени во изминатиот период:
- Продолжена имплементација на реформите за владеење на правото и исполнување на европските препораки.
- Законски реформи , Судски совет, зајакнување на јавното обвинителство.
- Активна подготовка на Патоказите за Кластер 1 и преговарачките позиции за Поглавје 23.
Европската интеграција е наш заеднички процес – на институциите, Парламентот, граѓанскиот сектор и целото општество.
Само со соработка и конструктивност можеме да обезбедиме побрз напредок и европска иднина за сите.