Денес се одржа вториот настан за доделување на трајни лиценци за вештаци во областа економско, финансиско, материјално сметководствено работење.
Со ова продолжува процесот на лиценцирање на вештаците, кој обезбедува професионално и одговорно вршење на нивната работа и придонесува за ефикасен и праведен систем.
Во моментов сè уште се разгледуваат и други поднесени барања за лиценци, по што дополнително ќе бидат издадени нови лиценци за вештачење.
Министерството за правда останува посветено на спроведување реформи кои гарантираат поголема правна сигурност за сите граѓани.