За прв пат, по донесувањето на Законот за вештачење во јули 2023 година, Министерството за правда официјално издава трајни лиценци за вештаци.
Вештачењето претставува клучен и неразделен дел од судските постапки и е суштински инструмент за обезбедување на правдата.
„Вештаците се клучни сојузници во обезбедувањето на правна сигурност и заштита на човековите права. Тие се чувари на вистината во постапките – од нивното стручно мислење зависи утврдувањето на фактите, а со тоа и првичниот исход на судските постапки. По осум години стагнација, ја ставивме во функција и Комората на вештаци, која конечно е запишана во Централниот регистар.“
Во моментов сè уште се разгледуваат и други поднесени барања за лиценци, по што дополнително ќе бидат издадени нови лиценци за вештачење.
Министерството за правда останува посветено на спроведување реформи кои гарантираат поголема правна сигурност за сите граѓани.