Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Едногласно усвоен Предлог-законот за Советот на јавните обвинители во прво читање

Едногласно усвоен Предлог-законот за Советот на јавните обвинители во прво читање

Со 81 глас „за” и ниту еден против или воздржан, Собранието на денешната седница го усвои Предлог-законот за Советот на јавните обвинители во прво читање.
Со Предлог-законот се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот на јавни обвинители и на јавното обвинителство во целина.
Меѓу клучните решенија се:
 • јасни и мерливи критериуми за избор на членови на Советот
 • обврска за целосно и аргументирано образложение на одлуките
 • доследна примена на мерит-системот при избор, унапредување и разрешување
 • поголема транспарентност преку јавни седници и објавување одлуки
 • двостепеност во дисциплинските постапки и обезбедена судска заштита
 • прецизирани постапки и рокови за разрешување
 • зајакната улога на Советот во избор и разрешување на Јавниот обвинител
Овие решенија имаат за цел да воспостават јасни правила, да ја намалат можноста за арбитрарност и да ја зголемат довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Законот е дел од поширокиот реформски процес и е усогласен со европските стандарди 🇪🇺, што претставува значаен чекор напред во процесот на европска интеграција.

Мени за пристапност