Преку конструктивна и аргументирана дебата, стручната јавност даде значаен придонес со конкретни предлози и забелешки насочени кон унапредување на законските решенија.
Ваквиот инклузивен пристап овозможува креирање поквалитетна и поефикасна правна рамка, заснована на стручност, искуство и транспарентност.
Станува збор за важен реформски закон кој воведува јасни и мерливи критериуми за избор и унапредување, поголема транспарентност во работата, како и поцврсти механизми за отчетност. Со тоа се намалува можноста за арбитрарност и се зајакнува интегритетот на институциите.
Овој процес е од особено значење за градење независен и професионален обвинителски систем, како и за унапредување на владеењето на правото и усогласување со европските стандарди