Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трета седница на Работната група за реформи во изборното законодавство

Трета седница на Работната група за реформи во изборното законодавство

На седницата беше усвоен записникот од претходната седница и се отпочна со разгледување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР за унапредување на Изборниот законик.
Во рамки на дискусијата, членовите на Работната група ги анализираа препораките, со цел да се обезбеди поголема правна сигурност, транспарентност и интегритет на изборниот процес.
Воедно, на членовите им беа доставени и предлози од Државната изборна комисија и од Агенцијата за администрација, кои ќе бидат предмет на понатамошно разгледување во следната фаза од работата.
Овој процес претставува значаен чекор кон јакнење на довербата во изборниот систем и усогласување со меѓународните стандарди.
Работната група продолжува со интензивна работа, во насока на креирање сеопфатни и квалитетни решенија за изборниот систем.

Мени за пристапност