Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Финализиран Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители на дводневната изолациона сесија на Работната група со поддршка од проектот „EU Support for Rule of Law“

Финализиран Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители на дводневната изолациона сесија на Работната група со поддршка од проектот „EU Support for Rule of Law“

Преку интензивна дводневна дебата, членовите на работната група ги разгледаа и усогласија клучните решенија кои ќе придонесат кон поефикасен и поквалитетен систем.
Во предложените законски решенија се вградени препораките од Оценската мисија, како и експертските насоки дадени на работилницата за Поглавје 23, организирана со УНОПС.
Клучни новини:
• Појасно утврдување на потребниот број на судии и јавни обвинители, како и попрецизни правила за објавување на огласите
• Поедноставена постапка за прием на кандидати за почетна обука, со јасно дефинирани рокови
• Унапредување на методологијата на почетната обука и поефикасно функционирање на органите на Академијата
• Номотехнички усогласувања и попрецизно уредување на бодирањето на практичниот дел од приемниот испит
• Усогласување со одлуките на Уставниот суд и надминување на забележаните слабости во постојното законско решение
Целта е создавање поквалитетен систем на обука, поголема правна сигурност и подготовка на стручни и професионални кадри за правосудниот систем.

Мени за пристапност