Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Филков-Маричиќ

Средба Филков-Маричиќ

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претседателот на Државната изборна комисија Бојан Маричиќ, потпретседателот на ДИК Абдуш Демири и членот на Комисијата Ангелчо Ристов.

На средбата се разговараше за реформите во изборното законодавство, како и за важноста од тесна институционална соработка помеѓу Министерството за правда и Државната изборна комисија во процесот на подготовка на законските измени.

Се дускутираше и за  можностите за унапредување на постојната законска рамка, зајакнување на транспарентноста и ефикасноста на изборниот процес, како и усогласување на изборното законодавство со современите демократски стандарди.

Претставниците на ДИК најавија дека во наредниот период ќе достават свои предлози и сугестии, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група формирана за подготовка на реформите во изборното законодавство.

Соработката меѓу институциите е клучна за креирање стабилен, транспарентен и доверлив изборен систем, во интерес на граѓаните и демократските процеси во државата.

Мени за пристапност