Министерот за правда, Игор Филков, оствари работна средба со амбасадорката на Јапонија во нашата држава, Сецуко Кавахара, на која беа потврдени одличните и пријателски односи меѓу двете земји.
Во фокусот на разговорот беа реформската агенда, унапредувањето на владеењето на правото и активностите поврзани со изборното законодавство.
Меѓу двете земји нема отворени прашања, што создава стабилна основа за натамошно продлабочување на партнерството. Во наредниот период ќе се интензивира размената на искуства и добри практики, како и поддршката во процесите што значат јакнење на правната сигурност и демократските стандарди.