Низ отворена и конструктивна дебата со претставници на правосудните институции, академската и експертската јавност, како и со меѓународните партнери, беа разгледани клучните аспекти на новото законско решение, насочено кон воспоставување ефикасен, правно одржлив и транспарентен систем за конфискација на незаконски стекнат имот.
Предлог-законот предвидува:
- прецизни услови за поведување постапка;
- јасно дефинирани надлежности на институциите;
- механизми за финансиска анализа и утврдување несразмерност меѓу имотот и законските приходи;
- мерки за обезбедување на имотот;
- заштита на правата на засегнатите и совесните лица;
- зајакната меѓународна соработка.
Целта на законот не е казнување, туку заштита на јавниот интерес и спречување располагање со имот за кој не може да се докаже законско потекло.
Министерството за правда останува посветено на креирање законски решенија усогласени со уставните гаранции, европските стандарди и највисоките принципи на правна сигурност и човекови права.
Благодарност до сите институции, експерти и меѓународни организации кои активно придонесуваат во овој процес, како и до Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации за поддршката и партнерството.