Станува збор за еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството, кој има за цел модернизација на парничната постапка, зголемување на ефикасноста на судовите и зајакнување на правната сигурност за граѓаните. 🇲🇰
Решенијата во Предлог-законот се насочени кон:
• поефикасно и поквалитетно водење на судските постапки;
• поголема улога на судот во утврдувањето на фактичката состојба, вклучително и можност за вештачење и увид по службена должност;
• целосна дигитализација преку електронска достава и можност за одржување расправи по електронски пат;
• забрзување на постапките во спорови од мала вредност;
• попропорционални и пофер глоби во постапките;
• воведување претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, како нов механизам за подобар пристап до правда.
Решенијата се усогласени со повеќе системски закони, со цел да се обезбеди правна кохерентност и современ, функционален правосуден систем.
Министерството за правда останува посветено на реформите што носат ефикасно судство, владеење на правото и поголема доверба на граѓаните во институциите.