Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Шасивари се сретна со истакнати професори по право

Министерот Шасивари се сретна со истакнати професори по право

Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменикот на министерот за правда, Ален Деребан, остварија средба со универзитетските професори: академик проф. д-р Владо Камбовски, проф. д-р Александра Деаноска-Трендафилова и проф. д-р Гордана Лажетиќ.
На средбата се разговараше за прашања од значење за развојот на правниот систем и унапредувањето на реформите во областа на правосудството, особено  за Кривичниот законик, Законот за кривична постапка и Законот за извршување на санкциите. Се укажа и на потребата од зајакнување на правните стандарди, зголемување на ефикасноста на институциите и креирање политики кои придонесуваат кон изградба на современ и функционален систем.
Министерот Шасивари ја истакна важноста од континуирана соработка со академската заедница и правните експерти, чиј стручен и научен придонес е од особено значење за подготовката на квалитетни законски решенија и унапредувањето на реформските процеси.
Континуираниот дијалог меѓу институциите и академската заедница е од особено значење за натамошно унапредување на правниот систем и зајакнување на владеењето на правото.

Мени за пристапност