На средбата се разговараше за актуелните состојби во судот, просторните услови за работа, кадровската екипираност, како и за бројот на предмети по кои се постапува. Посебен акцент беше ставен на причините за доцнењето во решавањето на предметите и можните решенија за подобрување на ефикасноста.
Министерството за правда останува посветено на унапредување на судскиот систем и обезбедување поефикасна и навремена правда за граѓаните.