Се разговараше за унапредување на медиумската регулатива во изборниот процес, како и за обезбедување повисоко ниво на транспарентност и фер медиумско претставување.
АВМУ ќе подготви конкретни предлози, кои ќе бидат доставени до членовите на Работната група за реформи во изборното законодавство.
Оваа активност следи по веќе одржаната средба со Државната изборна комисија, каде беа отворени прашања поврзани со унапредување на законската рамка и јакнење на ефикасноста на изборниот процес.
Во наредниот период ќе следуваат консултации и со Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, како и со претставници на граѓанскиот сектор, со цел обезбедување инклузивен и сеопфатен пристап во подготовката на реформите.