Со Националниот координатор за креирање и следење политики за немнозинските заедници, Ерџан Демир, разговаравме за унапредување на правната заштита и усогласување на стратешките приоритети.
Министерството за правда дава значаен придонес преку законски реформи, антидискриминациски норми и обезбедување бесплатна правна помош .
Посебен акцент ставивме на активностите во Националното координативно тело за недискриминација и изработката на Националните акциски планови за Роми 2026–2028
Позитивен тренд бележиме и во правичната застапеност, со речиси 50% учество на немнозинските заедници во Министерството .
Остануваме посветени на еднаквост, инклузивност и унапредување на правата на сите граѓани.