Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за правда посветено продолжува со активности поврзани со измените на Изборниот законик

Министерството за правда посветено продолжува со активности поврзани со измените на Изборниот законик

Беше одржана конструктивна работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, посветена на реформите во изборното законодавство. 
Улогата на Државниот завод за ревизија е од суштинско значење за обезбедување транспарентен и кредибилен изборен процес. Преку својата независна и професионална работа, оваа институција врши контрола на финансиското работење на учесниците во изборите, придонесувајќи кон отчетност и законитост. 
На средбата беше нагласена потребата од доставување конкретни предлози и коментари, кои треба да бидат разгледани од работната група задолжена за подготовка на измените.
Во изминатиот период, веќе беа реализирани средби со Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и со претставници на независни граѓански иницијативи

Мени за пристапност