Денес се одржа четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација, на која беа разгледани и усвоени клучни документи од суштинско значење за понатамошно унапредување на системот:
▪️ Годишниот извештај за 2025 година за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030
▪️ Извештајот за состојбите во јавната администрација согласно препораките на СИГМА
Со засилено темпо продолжуваме со реформите, со јасна цел – модерна, ефикасна и транспарентна администрација која обезбедува квалитетни услуги за сите граѓани.