На денешната тркалезна маса посветена на доброто управување и владеењето на правото, министерот за правда, Игор Филков, ја истакна клучната улога на управното судство како гарант на законитоста, правната сигурност и заштитата на правата на граѓаните.
Во своето обраќање, тој посочи дека значителниот број управни спорови кои завршуваат во корист на граѓаните укажува на потребата од подобрување на управното одлучување уште во првичната фаза. Непотребните спорови значат изгубено време, дополнителни трошоци и намалена доверба во институциите.
Како еден од клучните одговори на овие предизвици беше нагласена дигитализацијата.
Преку платформата ЕПУС се овозможува целосно електронско управување со управно-судските предмети, што ќе придонесе за побрзи постапки, поголема транспарентност и поефикасно извршување на судските одлуки.
Министерството за правда останува посветено на унапредување на правосудниот систем преку реформи усогласени со европските стандарди, со јасна цел – ефикасно, транспарентно и модерно правосудство кое ќе ја зајакне довербата на граѓаните и ќе придонесе за вистинско владеење на правото