Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%,  Филков го потпиша колективниот договор

Министерот за правда Игор Филков  заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ )  го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%. 
Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази:
7% зголемување  од 1 март 2026 година;
7% дополнително зголемување  од 1 март 2027 година;
7% дополнително зголемување од 1 март 2028 година.
Колективниот договор дополнително предвидува:
-Додатоци за ноќна смена, работа во смени, работа за време на неделен одмор, за време на празници, како и работа подолга од полното работно време.
-Јубилејни награди
-Регрес за годишен одмор
-Заштита од вознемирување на работното место
-Мерки за безбедност и здравје при работа
За вработените во Министерството за правда ова значи поголема мотивација, но и зголемена одговорност,ефикасност и професионалност во секојдневната работа, како и повисок квалитет на услугите кон граѓаните. 

Мени за пристапност