Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е објавен на ЕНЕР

Министерство за правда Министерство за правда

Со новото законско решение се унапредува системот за конфискација на имот за кој не може да се докаже дека е стекнат од законски извори, преку јасни процедури, прецизни надлежности и механизми што обезбедуваат правна сигурност и заштита на човековите права.

  • Прецизирани услови за поведување постапка
  • Финансиска анализа и утврдување несразмерност меѓу имотот и приходите
  • Мерки за обезбедување на имотот
  • Заштита на правата на засегнатите и совесните лица
  • Зајакната меѓународна соработка

Целта на законот не е казнување, туку заштита на јавниот интерес и спречување користење незаконски стекнат имот.

Министерството за правда го водеше процесот инклузивно, во соработка со институции, правосудни органи, експерти и меѓународни партнери, со цел да се создаде применлив, правно одржлив и европски усогласен закон.

Мени за пристапност