Посебен акцент беше ставен на Предлог-законот за извршување, кој беше објавен на ЕНЕР и отворен за коментари од сите засегнати страни. Стопанската комора на Северозападна Македонија беше информирана дека во претстојниот период, работната група внимателно ќе ги разгледа сите пристигнати предлози, сугестии и мислења од институциите.По нивното разгледување, Предлог-законот ќе биде доставен во владина процедура.
Посветени сме на отворен дијалог и партнерски пристап, со јасна заложба за зајакнување на соработката.