Министерот за правда Јетон Шасивари денеска присуствуваше на состанокот во Владата посветен на реализацијата на Реформската агенда, на кој беа разгледани досегашните активности и следните чекори во исполнувањето на обврските кон Европската Унија.
Министерството за правда останува целосно посветено на спроведувањето на реформите во правосудството, владеењето на правото и унапредувањето на институционалните капацитети. Навременото исполнување на преземените обврски е потврда за сериозниот пристап кон реформскиот процес и европската интеграција на државата.
Продолжуваме со одговорна, професионална и транспарентна работа, затоа што реформите се клучни за посилни институции, поголема правна сигурност и подобар живот за сите граѓани.