На средбата со директорката на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Карол Межеван, министерот за правда Јетон Шасивари разговараше за новиот извештај на Светска банка и реформите што се потребни за Северна Македонија да направи клучен исчекор на патот кон ЕУ.
За Министерството за правда, тоа значи ефикасно и независно правосудство, силни институции и европски стандарди што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот.